19. јануари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Македонија ги „пикира“ туристите од Азија

Чартери за Охрид од Амстердам, Катовице, Манчестер, Лондон повеќе пати во неделата, надополнети со нови и обновени линии, овозможија оваа година сезоната во Северна Македонија да започне во мај. Скок на гости во првите четири месеци од 2023 година се бележи од турските, романските, германските, португалските, полските, српските туристи. Има пораст и остварените ноќевања со што годинава ги има сите услови кумулативно да ја надмине 2019 година по бројот и остварените ноќевања приближувајќи се до 530 милиони долари девизен прилив од туризмот во македонската економија, пишува ДВ.

„Предизвиците кои не очекуваат е кинескиот пазар кој во 2024 година треба да ја достигне својата кулминација со посета од кинеските туристи на Балканот, а и ние треба да бидеме подготвени за азиските туристи“, вели првиот човек на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски за ДВ.

Но, проблеми со визите може да го спречат нивниот пат кон Северна Македонија. За таа цел, Агенцијата подготви информација до Владата со која посочува на потребата од побрзо издавање на визи за кинески туристи, со цел да не ја заобиколат Македонија при нивните патувања на Балканот. Проценките се дека од кинеските туристи би можеле да се генерираат повеќе од 40.000 ноќевања. „Тоа е можност која не смееме да ја пропуштиме“, вели Јаневски.

целата анализа прочитајте ја на ДВ