18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
ЗДРАВЈЕИЗБОР

Дали децата треба да се тушираат по капење во море: Еве што велат лекарите

Повеќето родители веќе имаат усвоено важни информации за заштита на децата од сонцето и опасностите кои демнат во морето, но она што на многумина им е сè уште непознато е прашањето дали солта треба да се измие од детската кожа по пливањето во морето.

Се враќате дома од плажа и првото нешто што го правите е да ги капете децата и да подготвите ручек или вечера. Дали оваа ситуација звучи познато? Но, експертите истакнуваат дека нема потреба веднаш да се брзате на туширање.

Ако детето нема проблеми со кожата, не е неопходно да се измие морската сол. Причина? Морската сол содржи голем број на минерали и други материи здрави за човечкото тело. Туширањето е потребно само доколку детето има проблематична кожа или ако морето во кое се капело е плитко и матно и затоа постои можност да содржи многу планктони кои можат да предизвикаат силна иритација на кожата.

Спонзорирано: