Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Трагедија ја потресе Македонија: Почина млад скопски ракометар – имаше само 19 години

Трагична вест ја потресе спортската јавност во Македонија, откако утрово беше обелдоенето дека починал 19. годишен ракометар на новиот суперлигаш РК Аеродром.

Како што соопштија повеќето медиуми 19-годишниот Андреј Петрески починал во својот дом.

Инаку младиот Андреј Петрески уште од најмлада возраст беше член на РК Аеродром. Младото момче играше на позицијата лево крило, а се наоѓаше и на поширокиот список на кадетската репрезентација на Македонија пред настапот на Светското првенство.

Последниот поздрав со Андреј Петрески е денеска во 12:30 часот во капелата на гробиштата во Бутел, погребот ќе биде на гробиштата во Камник, се вели во информацијата.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА САМКА ИБРАИМОВСКИ – Поранешниот пратеник и министер имаше 72 години

ДЕСК

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК