16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ЛОКАЛНО

Ќе се самоказни ли ВМРО-ДПМНЕ што ни ја „продаде“ Арсовска како добар кандидат?

Живеам во Скопје цел мој живот, но ваков хаос никогаш немало. Проблеми со јавниот превоз, ѓубре насекаде, неупотреблив мост „Беласица“ за кој неколку пати најавува пуштање, ама никако да се случи, нефункционални улици, израсната трева низ која шетаат змии. Тоа е она со кое досега се истакна градоначачничката Данела Арсовска.

Точно е дека и претходно сме имале градоначалници кои не направиле многу, ама не ја закочиле ни работата на јавните претпријатија ниту пак функционирањето на Градот.

Оваа состојба не доликува на 21 век, а односот кон граѓаните е катастрофален и потценувачки.

Арсовска беше промовирана како добар менаџер, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ беше нејзина поддршка и за време на кампањата, но и потоа се додека не се скараа „за медот“.

Откако стана градоначалничка таа смени 32-ца директори во јавните претпријатија и нормален човек би се запрашал, добро никој ли не и се погоди?

Цели осум месеци мрзневме на автобуските постојки затоа што Арсовска реши да ги укине приватните превозници бидејќи имале стари автобуси, за подоцна истите да ги приклучи повторно во јавниот превоз како нови и исправни.

Од утре најавен е нов протест на Јавното сообраќајно претпријатие и нови маки за скопјани, како ли ќе стигнат на работа.

Три дена се удавивме во ѓубре бидејќи третата по ред директорка на „Комунална хигиена“ Скопје, Косана Мазнева, поранешна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ и советничка на Груевски, која беше последниот избор на Арсовска, со месеци не успеа да најде ред во претпријатието. Сметката двојно ја платија граѓаните и со пари и со нерви и со здравје.

Но, Арсовска рече дека извојувала војна со ѓубрето, а го нарече ѓубре и несудениот премиер Мицкоски.

Откако скопските градоначаници најавија кривична пријава за Арсовска за кризната состојба со ѓубрето, ги прашувам – дали ќе одговараат кривично затоа што им ја „продадоа“ на граѓаните како одличен кандидат и најуспешна менаџерка.

Соња Танеска

извор Градска.мк

Спонзорирано: