Centar.mk
БИЗНИСвест

АД МЕПСО: Земјоделците да бидат внимателни во сезоната на жетва

АД МЕПСО ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и на жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далеководите од преносната мрежа.

Од АД МЕПСО велат дека е важно земјоделците да не поминуваат со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците и да не поставуваат цевководни системи за наводнување под проводните јажиња во далноводните траси.

-Не ги кревајте во височина (вертикално) металните цевки од системите за наводнување под проводните јажиња на далекуводите бидејќи металот е проводник на електрична енергија и се изложувате на огромен ризик. Не ги поставувајте прскалките за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далноводите од преносната мрежа. Допирот на водениот млаз со проводните јажиња може да биде кобен по живот на лица кои се наоѓаат под трасата на далеководот, велат од компанијата.

Апелираат земјоделците да не палат стрништа во близина на далековод, бидејќи се загрозува доверливоста на електроенергетскиот систем, a спортските риболовци да бидат особено внимателни при манипулација со риболовните стапови во близина на далеководи и граѓаните да не вршат градежни работи на трасите на далеководите, под јажињата за пренос на електрична енергија.

Можеби ќе ве интересира

Божиновска: Иднината на енергетиката e во дигиталните технологии, но најважна инвестиција останува знаењето

ДЕСК

АСОМ: Новиот закон за игри на среќа носи економски крах, 10.000 луѓе остануваат без работа, а државата губи 350 милиони евра

ДЕСК

Хуманоста на Mozzart блесна на Lazarov Awards2026 – донација од 200.000 денари во СОС Детско Село

ДЕСК