17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шаленбер за Османи: Одлично ја извршувате функцијата Претседавач со ОБСЕ

Министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг денеска во своето официјално обраќање на првата ОБСЕ Конференција за климатски промени упати честитки за работата на Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи.

Шаленберг и Османи се обратија во воведниот дел на Конференцијата што се одржува денеска во Виена, при тоа министерот за надворешни работи на Австрија не штедеше зборови за работата на Османи како Претседавач со ОБСЕ.

„Како земја домаќин на ОБСЕ, Австрија ќе направи сè што е потребно за да го поддржи Претседавачот во овие тешки моменти и морам да кажам, Бујар Османи, вашата работа е одлична, вашата и на вашиот тим, во овие тешки времиња“, изјави Шаленберг.

Османи и Шаленберг имаа и билатерална средба на маргините на Конференцијата. На средбата беше истакнато дека Северна Македонија и Австрија негуваат блиски односи речиси три децении и се посветени на натамошно унапредување на соработката.

Инаку, ОБСЕ се соочува со низа внатрешни предизвици како што се изнаоѓање на решение за Претседавањето за следната година, усвојувањето на буџетот и изборот на првите четири раководни позиции во Организацијата.