Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Од поројниот дожд што го зафати Штип, на неколку локации во градот има појава на наноси од земја, камења и песок, а во некои објекти навлегла вода

Регионалниот ЦУК Штип информира дека, како последица од поројниот дожд што го зафати Штип, на неколку локации во градот има појава на наноси од земја, камења и песок. Од страна на екипи на ЈП „Исар“ се интервенира со цел за да се отстранат истите.

Територијалната противпожарна единица Штип, со 3 ПП возила и 8 пожарникари интервенира на неколку објекти во долниот тек на реката Отиња (локација на потегот од црква „Свети Никола“ до Ново Село) во коишто има навлезено вода. Досега немаме добиено информации за поголеми предизвикани штети од невремето што го зафати градот Штип.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК