Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Наизменично се одвива сообраќајот на патот Прилеп-Градско

Поради вградување на асфалтен слој во однос на објектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско“, АМСМ известува дека, од 04.07 до 08.07.2023 година, ќе биде затворена за сообраќај делницата Велес – Градско (во н.м. Градско) во периодот од 08:00 – 18:00 часот.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни:

– петок од 17:00 – 22:00 часот,

– сабота од 09:00 до 18:00 часот и

– недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

– петок од 15:00 – 22:00 часот,

– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и

– недела од 07:00 до 22:00 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Каде беа тогаш Филипче и СДС? Каде беше нивната загриженост за граѓаните, штедачите и сите оние кои претрпеа штета од пропаѓањето на банката?

ДЕСК

Митева до Каранфилова Пановска: Ширите лажни вести и хистерија во врска со Алта Банка за ова треба да одговарате

ДЕСК

АМСМ СО УТРИНСКИ ИЗВЕШТАЈ – Влажни коловози, без подолги задржувања на границите

ДЕСК