23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Повторно невреме: Метеоролозите објавија четиридневна прогноза, познато е во кои предели на Македонија ќе биде најкритично

Утре попладне претежно во западните делови, а во среда на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на локално невреме. Во четврток и петок ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а за време на викендот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец што ќе услови намалување на дневната температура.

Прогноза за 05.07.2023
Минимална температура: 14°C до 21°C
Максимална температура: 26°C до 33°C

Променливо облачно, од пладневните часови нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на локално невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. UV=7

Прогноза за 06.07.2023
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 26°C до 35°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. UV=8

Прогноза за 07.07.2023
Минимална температура: 14°C до 22°C
Максимална температура: 28°C до 36°C

Сончево и топло претпладне со мала облачност. Попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. UV=8