Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Без уставни измени, од првенец на генерација ќе завршиме како земја со отворени прашања, вели Османи

Без уставни измени, од првенец во генерација ќе завшиме во група на земји кои што ќе мора да решаваат отворените прашања. Ова го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Османи и денес порача дека за многу брзо време јавноста ќе се увери оти во ВМРО-ДПМНЕ има иделошко крило кое ќе гласа за уставни измени. Одговорноста, вели шефот на дипломатијата, е голема и никој од пратениците не би се осудил да се запише во историјата како некој кој ја ставил земјата во група на држави со отворени прашања и децениска изолација.

Ваквото сценарио, според Османи, би значело враќање на Договорот со Бугарија, протоколот и историските прашања, додека, спротивно на тоа, ако ги завршиме уставните измени, ќе влеземе во групата на држави што очекуваат во наредните години да станат земји членки на ЕУ.

Министерот оцени и дека спроведувањето на Протоколот со Бугарија се одвива во рамки на предвидената динамика.

Можеби ќе ве интересира

Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“, тврди СДСМ

ДЕСК

Сиљановска-Давкова ја прими албанската министерка за Европа и надворешни работи, Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност

ДЕСК

СНЕГ ЌЕ ТРУПА ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, НЕКАДЕ ЌЕ ИМА И ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Метеоролозите со нови најави за времето за следните 4 дена

ДЕСК