Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Детали за трагичната сообраќајка на патот Скопје – Велес, загина едно лице, жена се бори за живот

На 26.06.2023 во 16.46 часот било пријавено дека на автопатот Велес-Скопје, после влезот во тунел Стража-Катланово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген дока“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(26) од с.Цветово, скопско и мотоцикл „хонда“ со унгарски национални ознаки, управувано од Ц.Б.(70) од Р.Унгарија. На местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.

Со телесни повреди се здобила сопатничката Ц.Т.В.М.(68) од Р.Унгарија, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМ ЗА ВРЕМЕТО: Четврток носи пообилни врнежи и грмежи – објавена е четиридневна прогноза

ДЕСК

Ова е најновата вчерашна објава на Никола Груевски на социјалните мрежи, после тоа го нема

ДЕСК

ЗЕМЈОТРЕС ОД БУДИМПЕШТА: Идниот премиер најави дека ќе го испорача Никола Груевски во Македонија!

ДЕСК