Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТОП ВЕСТИ

Вонредна прогноза: Силно невреме во Македонија – можен град со големина на орев

Под влијание на нестабилна и влажна воздушна маса денес и утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија и влажност во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
Потоа во текот на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време, а само на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

И во Скопската Котлина денес попладне и утре ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.

Можеби ќе ве интересира

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК

НЕСРЕЌА НА УЛИЦА „ИЛИНДЕНСКА“: Малолетник со електричен тротинет удрил во триесет и двегодишна жена

ДЕСК

Филипче: На Самитот во Тиват ЕУ испрати порака дека вратите се отворени, не смееме да ја пропуштиме шансата

ДЕСК