Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Трагедија го потресе Кавадарци: Во страотна сообраќајка почина 20 годишно момче

Почина мотоциклист по добиени повреди од страотната сообраќајна несреќа што се случила рано изутрина во Кавадарци.

Како што соопшти МВР несреќата била пријавена во полиција во 1 часот и 30 минути по полноќ.

Имено, било пријавено дека на улицата „Шишка“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило Audi со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.Н. (33) од Кавадарци, патничко возило Toyota со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Г. (18) од Кавадарци и мотоцикл Aprilia со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.П. (20) од Кавадарци, велат од полицијата.

МВР информира дека во страшната несреќа мотоциклистот С.П. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци каде што во 2:20 часот починал.

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА 21-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ – Се сомничи дека овозможил користење марихуана во Охрид

ДЕСК

ВЛЕГЛЕ ВО НЕЈЗИНИОТ ДОМ, 84-ГОДИШНА СКОПЈАНКА ОГРАБЕНА – Две лица со сила ѝ одзеле пари и накит

ДЕСК

НАПАД ВО ГАЗИ БАБА – 32-годишен скопјанец пријавил дека го нападнале две лица

ДЕСК