Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Заедно со ФРОНТЕКС во првите пет месеци годинава спречивме над 3 илјади илегални преминувања на јужната граница

Денеска, по средбите со граѓаните во рамки на Отворениот Кабинет во Кавадарци, министерот Спасовски го посети и Регионалниот центар Југ, каде што оствари средба со раководството на оваа организациска единица на МВР, со цел брифирање за состојбите со мигранти на границата со Грција, на која веќе два месеца заеднички се распоредени македонските полициски службеници и 140 претставници на ФРОНТЕКС од 8 земји.

„Благодарение на заедничките напори, во првите 5 месеци од 2023 спречени се 3.518 илегални преминувања на државните граници, најголем дел на границата со Грција – 3.048, односно бележиме намалување на обидите за 42%. Воедно, откриени се 29 случаи на криумчарење на 234 мигранти со мерки за кривичен прогон за 21 лице”, истакна министерот Спасовски, со уверување дека вработените од Регионалниот центар Југ, како и нивните колеги од ОВР Кавадарци и СВР Велес, и во наредниот период ќе продолжат со реализацијата на активности кои носат резултати, како во делот на репресивните мерки, така и со превентивните активности во заедницата, со цел одржување и зголемување на безбедноста на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВЕНЧАВААТ ПОДОЦНА, СЕ РАЗВЕДУВААТ ПОЧЕСТО: Новите бројки ја откриваат брачната состојба во Македонија

ДЕСК

НЕМИР ВО ПРИЛЕП: Татко пријавил дека неговата ќерка била физички нападната

ДЕСК

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата до сега

ДЕСК