Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Маричиќ на светскиот ден на јавните службеници: Сечиј придонес кон реформите е важен

Вицепремиерот Маричиќ по повод светскиот ден на јавните службеници порача дека сечиј придонес кон реформите е важен, но дека улогата на јавните службеници, во држави како нашата кои се во интензивни реформи, е особено значајна и за почит.

„Овој ден е посветен на работата во јавната служба, вработените во јавните институции и сите кои имаат придонес во јавниот сектор. Јавните службеници имаат важна улога во нашите општества и помагаат нашата средина да се развива и расте. Затоа, денес го одбележуваме овој ден и ја поддржуваме работата на илјадници службеници кои секојдневно несебично го вложуваат својот труд во јавната служба“, стои во објавата на Фејсбук-профилот на Маричиќ.

Секоја година, почнувајќи од 2002 кога е воведен на иницијатива на Обединетите Нации, го одбележуваме 23 Јуни, Светскиот ден на јавните службеници, со цел прославување на придонесот на работниците од јавните установи и признание на нивната работата.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13

ДЕСК

ХАЏИ ВАСИЛЕВА ГИ НАЈАВИ ПРИОРИТЕТИТЕ – Организациски промени и отпор на притисоци во ОЈО ГОКК

ДЕСК

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА БОКИ 13 – Апелација ја преиначи одлуката за „Меѓународен сојуз“

ДЕСК