18.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Лазар Лечиќ, Благоја Георгиевски Буштур (постхумно), Владимир Богоевски, Насе Насев и Борче Костовски одликувани со „Медал за заслуги за Република Северна Македонија“

Претседателот Стево Пендаровски, денеска на свечена церемонија во Кабинетот на Претседателот со „Медал за заслуги за Република Северна Македонија“одликуваше 5 истакнати спортисти, великани и легенди кои оставија траен белег на спортските терени и дадоа огромен придонес за афирмација на македонскиот спорт и држава.

Претседателот Пендаровски со „Медал за заслуги за Република Северна Македонија“ ги одликуваше Лазар Лечиќ, постхумно – Благоја Георгиевски Буштур, Владимир Богоевски, Насе Насев и Борче Костовски.

На церемонијата на доделување на медалите, во своето обраќање претседателот Пендаровски рече дека иако сме мала нација како број, можеме да бидеме горди на нашите врвни спортисти кои во индивидуалните и колективните спортови остварувале и остваруваат највисоки резултати. Честитајќи им на одликуваните, тој потсети на значењето на спортот за целата заедница, и за секоја индивидуа поединечно и порача врвните резултати и постигнувања на нашите спортисти и нивните тренери, да бидат поттик за сите млади да тргнат по нивните стапки и повторно да ја радуваат македонската нација.