18. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДММ бара Министерство за млади: Рамо до рамо да бараме решенија за сите предизвици

„Бараме да се направи реорганизација органите на јавната управа, бројот на министерства да се намали, а за тоа бараме да не се запостави и атрофира идејата за Министерство за млади, институција сојузник и претставник на младинскиот глас. Младите се оние кои што највеќе и се потребни на државата, но и државата на младите“ рече претседателот на СДММ, Марко Михаилоски на младинската трибина „Млади, иднина, Европа“ во Скопје.

Тој додаде дека тоа треба да биде институција која ќе ги спроведува младинските политики и ќе биде сервис на младите.

„Дајте ни шанса да седнеме на иста маса и заедно со вас да ја обликуваме иднината. Рамо до рамо да бараме решенија за сите предизвици со кои се соочуваме“ рече Михаилоски.

Претседателот на СДММ рече дека во реформските процеси и во исполнувањето на стратешките цели треба сите заедно да делуваат.

„Го разбирам разочарувањето, но разочарувањето не не ослободува од одговорноста и обврските кон Македонија, нашиот дом. Затоа не смееме да останеме пасивни. Треба да бидеме гласни, храбри и сплотени. Да покажеме што сакаме и што бараме. Да се избориме за подобри услови кои утре, нема да ни дозволат да бараме решение надвор од границите на оваа земја со огромен потенцијал. Затоа што влогот во себе е влог во иднината на нашата земја“ рече Михаилоски.