24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Сингапур е на врвот на листата на најскапи градови за богатите луѓе

Сингапур за прв пат стана најскапиот град за стоки и услуги за богатите луѓе, надминувајќи ги Хонг Конг, Лондон и Њујорк, според извештајот објавен во вторникот.

Автомобилите и основното здравствено осигурување во Сингапур се за 133 отсто и 109 отсто поскапи од глобалниот просек, меѓу 12 стоки за широка потрошувачка и осум услуги кои ги одразуваат моделите на трошење на поединци со висока нето вредност, се вели во годишниот извештај за глобално богатство и начин на живот Julius Baer.

Политички стабилен и пријателски настроен кон даноците, градот-држава е еден од првите азиски градови што значително ги олесни пандемските ограничувања и почна да забележува прилив на богатство.

Побарувачката за сместување е висока, училишните места се скапи и општите трошоци за живот се високи за сите во Сингапур, се додава во извештајот.

Шангај, кој минатата година беше на првото место, падна на второто место. Можните фактори за падот вклучуваат подолги пандемични ограничувања отколку во другите градови, се вели во извештајот. Третиот е Хонг Конг.

Јоханесбург беше на дното на листата, која вклучува 25 градови ширум светот.