Centar.mk
БИЗНИСвест

Битиќи: Не треба да има зголемување на цената на струјата за крајните корисници

„Анализите на ЕСМ и на регулаторот се при крај. Јас сметам дека зголемување на цената не треба да има и ќе направиме се за да нема покачување на цената на крајните корисници“ изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју за МТВ.

Тој додаде дека оптимзот му е поради тоа што Владата покажа дека ако подобро се организира целиот систем може да се зголеме производството.

„Тоа што законски требаше да се случи, да се врати ДДВ на 18 отсто може да има влијание, но правиме напори тоа влијание да биде многу мало на конечната цена на струјата“ рече Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

Гувернерот Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

ДЕСК

Со енергетска ефикасност до помали трошоци: Државата влегува во инвестиции од најмалку 50 милиони евра за реконструкција на јавните згради

ДЕСК

СРЕЌНА ВЕСТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Оваа наша банка предвреме ги исплати пензиите – овој пат тие се покачени за 1.000 денари согласно владината одлука

ДЕСК