Centar.mk
БИЗНИСвест

Битиќи: Компаниите сега добиваат поврат на ДДВ во редовна постапка, не мора да ни аплаудираат на настани

„Ние не ги тераме коморите да дојдат во Александар Палас и да ни аплаудираат за да им вратиме ДДВ, туку тоа се враќа во реална постапка. Ако некој прави паралели тогаш треба да се потсетиме како беше“ изјави вицепремиерот за економски прашња, Фатмир Битиќи во интервју за МТВ.

Тој ддоаде дека Владата е тука да ги подджри коморите и дека токму на ниво барање се ставија и домашните и странските инвеститори на исто ниво.

„Фондот за поддршка на овие 1000 компании некогаш беше 0, а сега е преку 30 милиони евра. Можеби имаме одредени неусогласености за брзината на решавање на одредени проблеми, но сепак преку дијалог ги решаваме проблемите“ рече Битиќи.

Вицепремиерот кажа дека минатата година по 25 години беше отворен Законот за царински тарифи, а се отвори и дискусија за даночни реформи, во која беше заклучени дека во моментов нема потреба од промени.

„Дијалогот е клучен за да се најдат одржливи решенија“ рече Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

Гувернерот Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

ДЕСК

Со енергетска ефикасност до помали трошоци: Државата влегува во инвестиции од најмалку 50 милиони евра за реконструкција на јавните згради

ДЕСК

СРЕЌНА ВЕСТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Оваа наша банка предвреме ги исплати пензиите – овој пат тие се покачени за 1.000 денари согласно владината одлука

ДЕСК