Centar.mk
БИЗНИСвест

Се одржа 47. сесија на Клубот на истражувачите

Во Народната банка се одржа 47. сесија на Клубот на истражувачите на која беше презентиран научниот труд „Студија на настан за реакцијата на балканските берзи на конфликтот меѓу Русија и Украина“ од авторите Горан Мојаноски и Весна Буцевска.

Сесијата ја отвори вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, која посочи дека презентираниот труд е особено значаен, бидејќи се осврнува на геополитичка тема којашто е моментално релевантна како за домашната економија, така и за економиите во регионот.

Целта на трудот „Студија на настан за реакцијата на балканските берзи на конфликтот меѓу Русија и Украина“ е да се испита реакцијата на берзите во Југоисточна Европа од вооружениот конфликт. Со помош на примерок од седум берзански индекси, методологијата за студија на настан се применува за да се испита влијанието на конфликтот меѓу две европски земји врз берзанските индекси на пазарите во развој во Југоисточна Европа. Резултатите покажуваат дека почетокот на конфликтот кон крајот на февруари придонесол за значителна корекција на цените и берзите во анализираните земји станаа максимално променливи и подложни на лесни и брзи промени на дневно ниво. Со помош на наодите се истражува економското влијание на вооружениот конфликт, преку обезбедување емпириски докази дека конфликтот меѓу двете европски земји, коишто не се членки на Европската Унија, придонесува за прелевање на ефектите врз берзите на други европски земји (и на оние коишто се и на оние коишто не се членки на Европската Унија). Овие наоди имаат големо влијание за диверзификација на портфолиото и можат да помогнат при одлуката за распределба на средствата на инвестициските менаџери.

По презентацијата, на сесијата се разви дискусија меѓу учесниците поттикната од презентацијата на трудот и од изнесените заклучоци. Следната сесија на Клубот на истражувачите е планирана за во септември.

Можеби ќе ве интересира

Гувернерот Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

ДЕСК

Со енергетска ефикасност до помали трошоци: Државата влегува во инвестиции од најмалку 50 милиони евра за реконструкција на јавните згради

ДЕСК

СРЕЌНА ВЕСТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Оваа наша банка предвреме ги исплати пензиите – овој пат тие се покачени за 1.000 денари согласно владината одлука

ДЕСК