Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Зошто Мицкоски не лобирал за Резолуцијата во Бундестаг кај сестринските партии?

Соопштение на СДСМ:
Партнерските и сестринските партии на ДПМНЕ не ја поддржаа Резолуцијата на германскиот Бундестаг, која дава поддршка на нашиот европски пат, со признавање на македонскиот јазик, идентитет и посебност.

Мицкоски и ДПМНЕ им должат одговор на македонските граѓани, зошто не лобирале кај своите сестрински партии за поддршка, зошто не ги презентирале и не ги бранеле позициите на нашата држава или пак правеле нешто спротивно.

Треба да се одговори пред јавноста дали поранешни министри за надворешни работи имале спротивен став од она што беше донесено во Резолуцијата во Бундестагот.

Јавноста многу добро знае чија заслуга е Резолуцијата во германскиот Бундестаг и за жал ДПМНЕ освен блокади не направи ништо ниту за македонскиот идентитет и јазик, ниту пак за оваа резолуција.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК

Скопјанец заврши на клиника со тешки повреди, откако среде бел ден бил претепан од едно лице

ДЕСК