Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Првични информации: Три лица се исчезнати и се трага по нив во реката Лепенец – “бмв” излета од патот по сообраќајка со скопски “фолксфаген”, едно лице е спасено

Како што дознава порталот Centar.mk денеска околу 15 часот е пријавено дека на патот Скопје-ГП Блаце се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Б. од Скопје и патничко возило „бмв“ со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П. од Косово, кое по несреќата паднало во реката Лепенец, дознава Centar.mk.

Според неофицијални информации во возилото „бмв“ покрај возачот имало и тројца сопатници.

Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица се трага, велат првичните информации.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +