Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Циклон носи невреме во Македонија, па следува драстична промена на времето со температури до 32 степени – Метеоцентар со долгорочна прогноза

Под влијание на циклонска активност и утре ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе наврне поголема количина на воден талог (над 25 l/m2 за 24 часа). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. За време на викендот врнежите ќе бидат локални и проследени со ретки грмежи, а ќе дува и засилен северен ветер. Од понеделник времето ќе биде стабилно и потопло.

Прогноза за 18.06.2023
Минимална температура: 10°C до 16°C
Максимална температура: 19°C до 27°C

Променливо облачно со повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен, а претпладне на места засилен северен ветер.

Прогноза за 19.06.2023
Минимална температура: 9°C до 17°C
Максимална температура: 23°C до 31°C
Сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 20.06.2023
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 24°C до 32°C

Претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

Митева како политички незрел потег ја оцени најавата на СДСМ за повлекување од работната група за изборниот законик

ДЕСК

Мисајловски ги отвори редовните билатерални одбранбени консултации со САД – нашето стратешко партнерство ја зацврстува македонската одбрана и колективната безбедност во НАТО

ДЕСК

Николоски за стопирање на биометриските проверки кон Грција: Не треба да правиме маркетинг туку да ја завршиме работата

C +