Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Сега сите партии се согласни дека Собранието во овој состав има мандат за уставни измени

Соопштение на СДСМ:
За поздравување е промената на ставот на Христијан Мицкоски околу легитимноста на овој собраниски состав, за кој Мицкоски и ДПМНЕ велеа дека тој нема легитимитет и мандат за спроведување на уставни измени.

Со тоа, сега сите партии, вклучително и ДПМНЕ се согласни дека овој парламентарен состав има полн легитимитет и мандат да ги спроведе уставните измени за продолжување на европскиот пат.

Добро е што на лидерската средба се направи сериозен исчекор и се дојде до одредена точка, сега е потребно да продолжи дијалогот што е можно поскоро во делот како да се изведат уставните измени.

Го охрабруваме Мицкоски да остане на променетите ставови и да формира свои тимови што побрзо.
Доколку постои искрена волја нема потреба да се чека ниту да се тактизира, потребно е заедно да продолжиме да работиме на уставните измени, за остварување државните и националните интереси.

Државата, граѓаните немаат време за губење, затоа што колку побрзо се донесат уставните измени, толку пократок ќе биде рокот на преговори и толку побрзо Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Нова лага и манипулација на Мицкоски за БДП – со инфлација од 5,7% животниот стандард на граѓаните се намалува

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЌЕ ИГРА НА ДВЕ СТРАНИ: Сонце, облаци и ветер низ Македонија

ДЕСК