Centar.mk
КУЛТУРА

македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова во продукција на ДНФ Филмс доби специјална награда на фестивалот КинЕст Фест, во Катанија, Италија

Македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова доби специјална награда на фестивалот „КинЕст Фест“ во Катанија, Италија.

Меѓународното жири на фестивалот го пофали филмот како „интелигентна и актуелна камерна претстава“, додавајќи дека ја доделиле специјалната награда поради „режисерското мајсторство на држење на тензијата во куќата помеѓу тројцата карактери“.

Ова е трето издание на фестивалот „КинЕст Фест“, кој го организира фондацијата „Долина Миру“ и е посветена на прославување на кинематографијата на источна и централна Европа. Фестивалот се одржува во сицилијанскиот град Катанија и трае речиси цел месец.

Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, кој се одржа од 13 до 22 ноември, минатата година. Азиската премиера, пак, се одржа на Меѓународниот филмски фестивал во Пуне, Индија од 2 до 9 февруари оваа година. Филмот се прикажа и на фестивалот „Евроазја“ во Варшава, а имаше и успешна домашна турнеја.

Можеби ќе ве интересира

Објавена „Македонската борба за државност меѓу Сцила и Харибда“ од Владо Поповски – значајни дела за македонската историографија по повод 35 години „Матица“

ДЕСК

Објавен романот „Немам страв“ од Трајче Стамески – психолошки трилер каков што македонската книжевност досега немаше

ДЕСК

Саем на книга ќе се одржи од 23 до 29 април 2026, под слоган “Отвори прозорец кон нови светови”

ДЕСК