Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во Скопје измамен пробиштипјанец: Дал 1.000 евра на маж кој му раскажал измислица, му зел дијаманти кои се лажни

34-годишен жител на Пробиштип вчера пријавил дека околу 08.30 часот бил измамен од две лица за сума од 1.000 евра.

Според пријавеното, лицата му се доближиле и едно од нив му кажало дека неговата сопруга е во приватна болница и дека треба да му покажа пари на докторот, а тој нема моментално во него. Како што е пријавено, тој му ги дал парите, а другото лице му дало завиткана хартија во која наводно имало дијаманти како гаранција додека не му ги вратат парите, велат од МВР.

Лицата заминале и не се вратиле, по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК