Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд укина дел од правилникот на АВМУ, кој ги уредува условите за добивање дозволи за радио и телевизиско емитување

Уставниот суд денеска го укина член 9 став 6 во делот „и лицата ангажирани врз основа на договор за дело и/или авторски договор“ од правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување („Службен весник на Република Mакедонија“ бр. 172/2014 и бр. 76/2015), опфатен во предметот „Реферат У.бр.32/2022“.

Целосната одредба донесена од страна на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги гласи: „Како вработени лица се сметаат лицата во редовен работен однос со полно работно време кај радиодифузерот и лицата ангажирани врз основа на договор за дело и/или авторски договор“, појаснуваат во информацијата.

Во овој случај, како што додаваат, Советот на АВМУ ги пречекорил, односно ги надминал своите надлежности предвидени во Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги на начин што во оспорената одредба предвидел нова категорија „лица ангажирани врз основа на договор за дело и/или авторски договор“, која всушност не влегува во категоријата вработени лица, што претставува уставна предиспозиција и која како таква воопшто не егзистира во Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги ниту, пак, во Законот за работните односи.

Според Уставниот суд, Советот на АВМУ, впуштајќи се во операционализација на одредбите од Законот за работните односи и Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, даденото овластување од член 62 став 6 од законот, во кој, меѓу другото, е предвидено и да ги разработи и кадровските услови, го употребил во насока на изворно уредување на прашања што не се негова надлежност и е во спротивност со законот.

„Судот оцени дека Советот на Агенцијата не може да уредува законска материја, туку може само да операционализира и доуредува одредени законски одредби, а со оспорениот дел од член 9 став 6 од правилникот Советот на Агенцијата фактички уредува односи што се надвор од Законот за работните односи, со тоа што, покрај одредбите од Законот за работните односи, се повредува и член 22 став 1 од Законот за аудио и аудиовизуелните медимумски услуги“, се истакнува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК