24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Крадел гориво од приватна цистерна и од автобус на ЈСП, уапсен скопјанец

Вчера, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б. А. (36) од Скопје.

Тој се сомничи дека во август и септември 2022 година извршил три тешки кражби, при што од две товарни возила на приватна фирма и од автобус на ЈСП украл гориво.

Во службен разговор во Полициската станица Кисела Вода тој признал дека на 16.8. и на 17.8.2022 во два наврата од цистерна на приватна фирма одзел вкупно 300 литри гориво и дека на 22.9.2022 од автобус на ЈСП одзел 150 литри гориво.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.