Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Сите партии што и мислат добро на земјата ќе изберат интеграција во ЕУ, а не изолација

Соопштение на СДСМ:

По 17 години чекање, нашата држава ги започна и води преговорите со ЕУ.

Скрининг процесот што се одвива на официјален македонски јазик тече согласно предвидената динамика и наскоро ќе заврши.

Сега, нашата држава е исправена пред сериозна одлука, да го продолжи европскиот пат преку носење на потребните реформи за што е потребна вклученост на сите политички субјекти.

Сите партии што и мислат добро на државата и на граѓаите, ќе изберат интеграција во ЕУ, а не изолација.

Време е и Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се надминат себеси и барем еднаш во овие 30 години независна Македонија да поддржат одлука со која што државата ќе се интегрира во ЕУ.

Изборот е едноставен: на едната страна е напредок и интеграција во ЕУ, на другата страна е изолација, нови поделби и кавги со соседите.

Мицкоски мора да одлучи дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во антиевропскиот блок предводен од Левица.

Можеби ќе ве интересира

Граѓаните се навикнаа да се откажуваат: Прво од луксуз, потоа од нормален живот

ДЕСК

ДРАМА КАЈ ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Маж пријавил напад, едно лице имало остар предмет

ДЕСК

ТРОЈЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО КАРПОШ: Тепале полициски службеници

ДЕСК