Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тетовец фатен со украдено гориво од паркиран камион

Полицијата приведе 32-годишен тетовец кој бил фатен со украдено гориво кај крстосницата за селата Требош и Џепчиште.

При преглед во неговото возило „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки биле пронајдени и одземени канти со гориво, за кое изјавил дека го украл од товарно возило паркирано на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, велат од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица за понатамошна постапка и по расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +

ВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата, возвратија од СДСМ

ДЕСК