Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен бегалец од затвор, бил осуден на 11 години затворска казна

Синоќа, во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С. С. (38) од Куманово.

Тој бил осуден на 10 години и 10 месеци затворска казна за сторени кривични дела тешка кражба по член 236, разбојништво по член 237 и загрозување на безбедноста на сообраќајот по член 297 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница за доиздржување шест години и пет месеци од казната.

Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа „Затвор Штип“ за доиздржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +

ВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата, возвратија од СДСМ

ДЕСК