Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Казнети 171 возач во Скопје, 52 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за возење под дејство на алкохол, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал-црвено светло, пет мерки за некористење сигурносен појас…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВЕНЧАВААТ ПОДОЦНА, СЕ РАЗВЕДУВААТ ПОЧЕСТО: Новите бројки ја откриваат брачната состојба во Македонија

ДЕСК

НЕМИР ВО ПРИЛЕП: Татко пријавил дека неговата ќерка била физички нападната

ДЕСК

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата до сега

ДЕСК