Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

183 сообраќајни прекршоци во Скопје, 55 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (31.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 183 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, 10 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, девет мерки за непрописно престројување на возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК