Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

Во тек е етапната исплата на пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека етапната исплата на пензиите за месец мај е во тек.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.05.2023 година (понеделник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2023 година (вторник);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2023 година (среда) и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.06.2023 година (четврток).

Пензионерите кои користат платежна картичка, можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања, информираат од МТСП.

Можеби ќе ве интересира

УЈП со важно појаснување до граѓаните кои добија покани да платат данок за заработка во странство – досега засегнати десетина илјади граѓани за приходи од 2020-та година

ДЕСК

Секој петти граѓанин во земјата е сиромашен

C +

УЈП: Обврската за пријавување и даночење доход од странство не е нова законска мерка, пропустите во минатото се прашање на претходни раководни структури

C +