Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: МВР во координација со Амбасадата на САД спроведе тактичка вежба „Лебед 2023”

Фејсбук статус на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи:

МВР во координација со Амбасадата на САД спроведе тактичка вежба „Лебед 2023”, што претставува уште една потврда како за меѓусебното пријателство и партнерство, така и за придонесот на Република Северна Македонија во најмоќната политичко-безбедносна НАТО Алијанса.

Силно ја цениме поддршката која нашиот главен стратешки партнер Соединетите Американски Држави ни ја даваат преку Амбасадата на САД во сите процеси кои значат безбедна и напредна држава, особено во евроинтегративните процеси.
Со ова партнерство, со храбрите државнички одлуки со кои го заштитивме националниот идентитет и со функционалните политики на дијалог и разбирање, денеска Република Северна Македонија е фактор на стабилност и на безбедност во регионот и Европа.
Пријателството со САД претставува гаранција за стабилноста на нашата држава, но и на регионот.
Дотолку повеќе што рефлектира и на засилената економска соработка и големиот интерес за инвестирање во земјава.
Благодарност до амбасадорката на САД, Н.Е. Анџела Агелер, за континуираната поддршка во меѓусебната соработка, за која уверувам дека продолжува со ист интезитет.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје

ДЕСК

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

ДЕСК

Мојсоска: Новиот државен обвинител испорача сѐ што посака Мицкоски

ДЕСК