Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Подгответе се за невреме: Синоптичарите со детална прогноза за следните неколку дена

Во следните денови во претпладневните часови ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Прогноза за 01.06.2023
Минимална температура: 9°C до 15°C
Максимална температура: 21°C до 27°C

Сончево со мала до умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Прогноза за 02.06.2023
Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 22°C до 29°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 03.06.2023
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 23°C до 29°C

Сончево со мала до умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК