Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нуделе и продавале празни цедиња за учење странски јазици, кривична пријава за двајца велешани

Единицата за внатрешни работи – Одделението за криминалистички работи Карпош при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. В. (30) и Д. В. (36), двајцата од Велес, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела измама, казниво по чл. 247, и кривично дело посебни случаи на фалсификување исправи, казниво по Кривичниот законик.

Имено, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје полициски службеници во полициска станица извршиле службен разговор со пријавените.

Било констатирано дека двајцата, претставувајќи се во име на правно лице – училиште за странски јазици од Скопје, преку онлајн-продажба нуделе и продавале материјали (цедиња) за учење странски јазици, кои биле празни, односно без содржина, при што оштетиле поголем број граѓани стекнувајќи се со противправна имотна корист.

Можеби ќе ве интересира

Европска експертиза на домашен терен: субпериостални импланти за сложени дентални случаи

ДЕСК

ТРИ ДЕЦА ОДЗЕЛЕ АВТОМОБИЛ ОД АВТОПЛАЦ ВО ДЕБАР – „Форд фиеста“ бил оставен отклучен, со клуч на бравата

ДЕСК

СООБРАЌАЈКА ВО КИЧЕВО – 19-годишник возел со 1,68 промили алкохол во крвта, полицијата го приведе

ДЕСК