Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(НАЈАВА) Министерот за надворешна трговија и економски односи на БИХ Сташа Кошарац во посета на Северна Македонија на средба со министерот за економија Крешник Бектеши

Министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарац од утре (29.05.2023) ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија.

Кошарац ќе биде пречекан од министерот за економија Крешник Бектеши по што ќе биде реализирана билатерална средба на двајцата министри, а ќе бидат потпишани и два билатерални договори.

Договор за економска соработка помеѓу Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина и Договор за соработка во областа на туризмот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина.

Кошарац и делегацијата од Босна и Херцеговина ќе пристигнат во Министерството за економија во 10:00 часот.

По завршување на билатералната средба предвидено е поптишување на Договорите во 10:30 часот кое ќе се одржи во Сала на 1 кат во Министерството за економија.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК