Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Излета автомобил со скопски таблички, има повредени

На 27.05.2023 во 21.15 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од бул.“Христијан Тодороски-Карпош“ и ул.“Натанаил Кучевишки“ патничко моторно возило “ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(43) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Ф.Е.(34) од Скопје констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК