Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Трајно го решивме деценискиот просторен проблем на ДЛУМ

Министртвото за култура обезбеди простор за трајно сместување на ДЛУМ, со што го реши деценискиот проблем на Друштвото. Конечно, ДЛУМ добива свој галериски простор каде што ќе ги реализира своите традиционални изложби, и ќе испровоцира многу нови идеи за збогатување на домашната сцена, како и соработки на меѓународен план.

Новиот простор за ДЛУМ се наоѓа на улица „Илинденска“, а е објект за кој ДЛУМ достави барање до Министерството за култура како можност за трајно решение и на на нивниот децениски нерешен статус.

„Огромно е задоволството што успеавме да ја реализираме идејата ДЛУМ да го добие овој објект на атрактивна локација, со што правиме историски исчекор во зацврстување на статусот на најстарото еснафско уметничко здружени во земјава и создаваме услови за негово современо развивање и иднина.

Искрено верувам дека во својот дом, по децениско талкање и барање соодветни услови за работа, бројните членови на ДЛУМ, наследници на основополжниците на ликовната уметност кај нас: Мартиновски, Личеновски, Димитар Андонов-Папрадишки, Поповиќ-Цицо, Љубомир Белогаски, Вангел Коџоман, Михајло Шојлев, ќе најдат нова инспирација за ново и возбудливо творештво. Верувам дека оваа куќа на ‘Илинденска’, ќе стане едно од централните места за афирмација на македонското современо ликовно творештво од каде што ќе се создадат нови дела кои далеку ќе ја афирмираат нашата култура“, вели министерката за култура, Костадиновска-Стојчевска.

По формирањето во 1946 година ДЛУМ го имаше салонот под Калето, галеријата во ГТЦ, и уште неколку обиди за вдомување како потстанари во разни објекти кои не ги исполнуваа условите за галерија. До оваа одлука за трајно решавање на просторот, ДЛУМ корсти канцеларија во Домот на АРМ во Скопје и плаќа надомест за своите изложбени активности.

На денешната седница, Влада донесе Одлука за давање на трајно користење на простор на Здружението за афирмација на ликовното творештво, организација на ликовниот живот и збогатување на ликовната култура, Друштво на ликовните уметници на Македонија – Скопје.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски: Не постои подобар предлог од овој кој го имаме, имаме поддршка за следните чекори и за реформи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 говореше за важноста на реформскиот процес во земјата, за членство во ЕУ. Ковачевски посочи дека меѓународната… Прочитај повеќе

Османи од Братислава во Осло на НАТО министерски состанок

Од Братислава каде учествуваше на Глобсек 2023, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Осло каде ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на… Прочитај повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе