Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и формално правно стана сопственик на дел од просториите на поранешната касарна „Илинден“

Со одлука на Владата, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и формално правно стана сопственик на дел од објектите во кругот на поранешната касарна „Илинден“ каде ќе биде сместен универзитетскиот кампус. На последната владина седница просториите кои беа предвидени за оваа високообразовна установа и формално правно преминаа во нејзина сопственост.

Во дел од отстапените објекти веќе се реализираат градежни инвестиции за адаптација и опремување за потребите на наставно – научниот кадар и за студентите, за што средства се обезбедени преку буџетот на Министерството за образование и наука.

„Очекувам градежните активности да завршат час поскоро, бидејќи за волја на вистината недостигот на простор и услови, претставува голема препрека во работењето, а со надминувањето ќе се подигне мотивацијата за работа кај наставно – научниот кадар, но и за учење кај студентите“, рече Шаќири пред неколку месеци кога го означи почетокот на градежните работи.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода седум лица во акциска контрола на Мобилната единица при МВР, одземени три возила, изречени 16 мерки

ДЕСК

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 10 лица возеле без возачка дозвола, четири управувале под дејство на алкохол, еден со претходно изречена забрана

ДЕСК

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“

ДЕСК