Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

СДСМ: Скопје е во хаос поради ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот Мицкоски

Заради неспособностa, неодговорностa и расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, шпицниот Мицкоски и градоначалничката Данела Арсовска, Град Скопје денес е во хаос, со блокирана сметка и пред банкрот.

Потрошија над 100 милиони евра народни пари и го донесоа Скопје пред банкрот, а банкрот значи целосен распад на системот на Градот, нефункционални институции, уште полоши услуги за граѓаните и штрајкови и протести на градската администрација.

Советот на Град Скопје мора да одржи вонредна седница на која ќе се расправа за актуелната финансиска состојба на градот.

Сите предуслови за одржување на таква седница се исполнети и претседателот на Советот, Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ мора да ја закаже седницата.

Граѓаните се разочарани од неспособната градска власт на ВМРО-ДПМНЕ кое го има претседателот на Советот, мнозинството во Советот и мнозинството во управните и надзорните одбори на скопските јавни претпријатија.

Скопје и скопјани не заслужуваат ваква неодговорна градска власт.

Можеби ќе ве интересира…

Шеќеринска: Оптимист сум за нашиот влез во ЕУ

Во моментов Европската Унија е заинтересирана да го штити европскиот континент и го гледа забрзаното проширување како безбедносен влог, истакна поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска за време на панел-… Прочитај повеќе

Коциќ: Пратениците да се вразумат, или ќе одиме напред или ќе останеме без перспектива

Периодов јасно се гледа дека постои поделбата на проевропски и анти-ЕУ блок, рече пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во гостувањето во Телма телевизија. Тој обвини дека во однос на процесот… Прочитај повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе

Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова се новите цени

Поевтинуваат бензините. И тоа за 0,5 денари поевтинува Еуросупер 95. Истиот од ноќеска еќ изнесува 80 денари од литар. За еден денар се намалува и цената на Еуросупер 98 и… Повеќе