Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени криумчари, пронајдени 23 мигранти

Денеска околу 07.00 часот на регионалниот пат во близина на Гевгелија, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ – Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Б.А.(23) од Сингелиќ, скопско, затоа што при преглед во возилото „мерцедес вито“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал , биле пронајдени 23 лица мигранти, од кои 17 од Пакистан и шест од Сирија.

Од слобода биле лишени и Д.С.(32) и Д.П.(36), двајцата од Богданци, поради постоење основано сомнение дека со возило „фолксваген поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., биле претходница на возилото „мерцедес“.

Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Одржани серија работилници за изработка на Националниот инвентар на јавни згради, „скенирани“ 2000 јавни објекти

ДЕСК

СДСМ: До кога граѓаните ќе чекаат Мицкоски и Филков да пратат документи за екстрадиција на Груевски?

ДЕСК

Жените извршуваат над 76% од неплатената работа на грижа – Конференцијата за трансформација на грижата отвора национален дијалог за системите за грижа во Северна Македонија

ДЕСК