Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Наставник поттикнувал малолетник физички да нападне соученик

Денеска во Полициската станица Карпош, 44 – годишна жена од Скопје пријавила дека на 19.05.2023 на час во основно училиште на подрачје на општина Карпош, по претходно недоразбирање помеѓу нејзиниот малолетен син и негов соученик, наставникот го поттикнувал другиот малолетник физички да го нападне нејзиното дете.

Според пријавеното, малолетникот на 19.05.2023 во училишниот двор го турнал нејзиниот син, по што настанот е пријавен кај училишниот психолог.

Истиот малолетник, според пријавителката, подолг период ги малтретирал и нејзините други два сина кои учеле со него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +