8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против 64 годишен охриѓанец за бесправно градење

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ј.(64) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Тој, на катастарска парцела во Охрид, неовластено и противправно, без да поседува соодветно одобрение од надлежен државен орган, изградил објект од метална конструкција.

На 01.03.2023, од страна на овластен градежен инспектор при Одделението за инспекциски надзор бил извршен надзор кој ја констатирал нелегалноста на градбата од инвеститорот и донел решение за отстранување на градбата.