Centar.mk
ЛОКАЛНО

Блокиран центарот на Скопје поради синдикален протест

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре (24.05.2023 година) од 12.00 до 14.30 часот, поради одржување на синдикален протест, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.

Протестот ќе се одвива со траса на движење од Жена-парк на ул.„11 Октомври“, преку ул.„Димитрие Чуповски“, бул.„Св. Климент Охридски“ и ул.„Св. Кирил и Методиј“, па сѐ до зградата на Министерство за образование и наука.

Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СКОПЈАНИ – Завршени анализите на водата за пиење, познати резултатите

ДЕСК

Изминатата седмица санкционирани 120 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ДЕСК

Герасимовски: Нов асфалт на Загребска во Мало Курило, крај на дупките, поголема безбедност за жителите

ДЕСК