7. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
АВТО ЦЕНТАР

Лоша навика на возачите што го уништува моторот

Дури и оние возачи кои добро се грижат за своите автомобили имаат некои навики кои несвесно ги оштетуваат нивните возила.

Една од таквите навики се честите патувања на кратки дестинации.

Многумина од нас, навикнати да возат и се одвикнале од пешачење, дури и до продавница, одат со автомобил, а тоа во денешно време може да чини многу затоа што ваквите видови на возење воопшто не се пријатни за моторот на автомобилот.

При преминување на кратки дестинации од околу стотина метри, моторот не достигнува работна температура, а тоа може да доведе до сериозни дефекти. Влагата нема време да испари и се меша со маслото, а на EGR вентилот и другите делови на моторот се формираат наслаги од нечистотии. Последиците можат да бидат различни. По некое време, на капачето за полнење улје може да се формира ѓубриња. Тогаш маслото сериозно почнува да ги губи својствата за подмачкување и треба веднаш да се замени.

При возење на кратки растојанија може да дојде и до мешање на маслото и горивото, во тој случај има промени во маслото кои се гледаат дури и со голо око.

Ако имате индикатор, препорачливо е да ја следите температурата на моторот додека возите. Кондензацијата испарува од мотор кој достигнува работна температура, но тоа нема да се случи кај возилата што се возат на кратки растојанија, а во нив со текот на времето ќе се акумулира зголемена количина на вода и гориво во картерот. Како резултат на тоа, маслото ги губи своите својства и не може да ја исполни својата функција, што доведува до оштетување на моторот, па дури и до сериозни проблеми.

Решението е, се разбира, едноставно. Следниот пат кога ќе помислите да одите со автомобил до продавница или тутунар, подобро е да одите таму пеш. Тоа е поздраво за вас и вашиот автомобил. Исто така, пожелно е редовно да се проверува маслото.