Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Страотна сообраќајка близу Росоман: Загина младо момче од Прилеп

На 20.05.2023 околу 13.25 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на магистралниот пат Прилеп-Росоман, кај место викано „Карпачов камен“ на Плетвар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген крафтер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.М. од с.Арачиново, скопско и мотоцикл „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(28) од Прилеп.

Во несреќата, од здобиените повреди мотоциклистот Д.Н. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче бидејќи не знаеш мора да ти кажеме јасно, има соработка и официјални договори со Унгарија, а не како што е во твојата глава дека имало тајни бизнис врски

ДЕСК

ДРАМА ВО БАЛИНДОЛ: Дете со тешки повреди по удар од автомобил кој побегнал

ДЕСК

ТЕШКА НЕСРЕЌА КАЈ ТЕТОВО: Четирицикл излета од пат – двајца млади тешко повредени

ДЕСК