Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во судар во Охрид мотоциклист заврши со тешки телесни повреди

Вчера во 18.25 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосница од ул.„Железничка“ со ул.„Абас Емин“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.В.(47) од Охрид и мотоцикл „априлија“ со германски национални ознаки, управуван од Д.Д.(39) од Охрид.

Во несреќата мотоциклистот Д.Д. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.

Можеби ќе ве интересира

Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

ДЕСК

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК